• недела, 22 декември 2024

Хамилтон ја освои својата 105-та победа и го подобри рекордот во Ф1

Хамилтон ја освои својата 105-та победа и го подобри рекордот во Ф1

Спа, 28 јули 2024 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за ГН на Белгија, откако неговиот тимски колега Џорџ Расел беше дисквалификуван.

Победата беше втора за седумкратниот шампион во Формула 1 сезонава. Луис е единствениот возач освен Макс Верстапен од Ред Бул кој освоил повеќе од една Гран при годинава.

Вкупно Хамилтон има 105 победи во Ф1. Тој го подобри сопствениот рекорд. Михаел Шумахер победи на 91 трка, Верстапен на 61. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан