• недела, 12 мај 2024

Хамес Родригез потпиша двегодишен договор со Сао Паоло

Хамес Родригез потпиша двегодишен договор со Сао Паоло

Сао Паоло, 30 јули 2023 (МИА) – Бразилскиот фудбалски клуб Сао Паоло објави дека потпишал двегодишен договор со играчот од средниот ред Хамес Родригез.

 

Последен тим на Родригез беше Олимпијакос, кој го напушти во април годинава како слободен играч. 

 

На 23 натпревари за грчкиот клуб, Родригез постигна пет гола и шест асистенции.

 

Триесет и двегодишниот Колумбиец претходно има настапувано за Ал Рајан, Евертон, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан