• четврток, 18 јули 2024

Хамес преминал бесплатно во Евертон

Хамес преминал бесплатно во Евертон
Ливерпул, 18 септември 2020 (МИА) - Колумбискиот играч за врска Хамес Родригез преминал бесплатно од Реал Мадрид во Евертон. Ова станува јасно од изјавата на претставник на неговиот поранешен тим Банфилд од Аргентина, каде тие очекуваа процент од износот што беше објавен во медиумите во висина од 25 милиони евра. Банфилд се распрашал дали ќе добијат нешто според механизмот за солидарност и стана јасно дека Хамес отишол во Евертон како слободен агент. - За жал, нема да добиеме ништо, соопштија од Банфилд, цитиран од Goal.com

Тагови

Остани поврзан