• петок, 05 декември 2025

Хамас ќе го ослободи израелско-американскиот заложник Едан Александар

Хамас ќе го ослободи израелско-американскиот заложник Едан Александар

Газа, 12 мај 2025 (МИА) - Хамас денеска ќе го ослободи заложникот Едан Александар, кој има двојно американско и израелско државјанство и се верува дека е последниот преживеан американски заложник што го држи исламистичката палестинска група во Појасот Газа, изјави портпарол на военото крило на движењето, Бригадите Из ад-Дин ал-Касам.

Дваесет и едногодишниот заложник, кој е држен од палестинската вооружена група во Газа повеќе од 580 дена, е роден и израснат во Њу Џерси. Тој беше заробен од Хамас за време на крвавите напади на 7 октомври 2023 година.

-Многу е веројатно дека Едан ќе биде ослободен денеска или утре, вторник, но за ова е потребно да се обезбедат услови на терен, изјави претходно извор од Хамас, додавајќи дека групата побарала од американските посредници да „ги прекинат сите израелски воени операции“ во оваа пригода.

Движењето не планирало никаква јавна церемонија во врска со ослободувањето на Александар, додаде изворот. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан