• недела, 22 декември 2024

Хамас ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад врз Ерусалим

Хамас ја презеде одговорноста за денешниот ракетен напад врз Ерусалим

Ерусалим, 15 декември 2023 (МИА) - Военото крило на Хамас вечерва ја презеде одговорноста за денешниот попладневен ракетен напад врз Ерусалим.

Засега нема информации за повредени во ракетниот напад. 

Израелската спасувачка служба соопшти дека била известена за нападите.

Ракетите истрелани во централниот дел на Израел ги активираа  сирените за предупредување од ракетен напад низ Ерусалим, претходно јавија американските меидуми.

Засега не е јасно колку ракети биле истрелани, но американски новинари јавуваат дека израелскиот противракетен систем „Железна купола“ попладнево реагирал неколку пати и пресретнал и уништил најмалку три ракети. 

Израелските медиуми јавија дека сирените во Ерусалим последен пат беа активирани на 30 октомври.

Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, ракетните напади се почести врз Тел Авив и областите што граничат со Појасот Газа. сд/

фото:МИА архива 

Остани поврзан