• петок, 05 декември 2025

Хамас соопшти дека вечерва ќе ги предаде телата на уште двајца израелски заложници

Хамас соопшти дека вечерва ќе ги предаде телата на уште двајца израелски заложници

Газа, 18 октомври 2025 (МИА) - Вооруженото крило на Хамас соопшти дека вечерва ќе ги предаде телата на уште двајца мртви израелски заложници, држени во Појасот Газа, јавија светските агенции.

Според соопштение објавено на нивниот канал на Телеграм, бригадите „Изедин ал-Касам“ ќе ги предадат во 22 часот по локално време „телата на двајца израелски затвореници чии останки беа пронајдени денес во Појасот Газа“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан