Хамас: Во израелски напад убиени тројца заложници - мајка и две братчиња
- Според британските медиуми, станува збор за најмладиот заложник, 10-месечното бебе Кфир Бибас, неговиот четиригодишен брат и нивната мајка.

Газа, 29 ноември 2023 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека тројца израелски заложници се убиени во израелско бомбардирање на Појасот Газа.
Според британските медиуми, станува збор за најмладиот заложник, 10-месечното бебе Кфир Бибас, неговиот четиригодишен брат и нивната мајка.
Израелската војска соопшти дека ги проверува тврдењата на Хамас. сд/
фото:МИА архива