• недела, 22 декември 2024

Халанд нема да биде казнет затоа што ја фрли топката во задниот дел од главата на Габриел по голот на Сити против Арсенал

Халанд нема да биде казнет затоа што ја фрли топката во задниот дел од главата на Габриел по голот на Сити против Арсенал

Лондон, 23 септември 2024 (МИА) - Ерлинг Халанд нема да биде казнет затоа што ја фрли топката во глава на противникиот фудбалер Габриел во финишот на средбата со Арсенал.

Да потсетиме, Манчестер сити го израмни резултатот во 98. минута од вчерашниот натпреварот со Топџиите (2:2) во 5. коло од Премиер лигата. 

Откако Џон Стоунс го постигна израмнувачкиот погодок, Халанд налета на голот на Арсенал, ја зграпчи топката и ја фрли во задниот дел од главата на дефанзивецот на Арсенал, Габриел, кој беше свртен со грбот кон Норвежанецот.

Според новинарот на „Дејли мејл“, Џек Гоган, ВАР ја прегледал оваа епизода за време на натпреварот и сметал дека не е потребна никаква интервенција од судиите. Во оваа насока, напаѓачот на Сити нема да биде казнет по натпреварот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан