• среда, 20 ноември 2024

Хавиер Солна заразен со коронавирус

Хавиер Солна заразен со коронавирус
Мадрид, 14 март 2020 (МИА) - Поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана е заразен со новиот коронавирус. Неговата состојба е стабилна и тој ќе остане на лекување в болница под лекарски надзор, објави весникот АБЦ. Според медиумот, 78-годишниот Солана бил хоспитализиран уште во средата. Солана беше министер за надворешни работи на Шпанија во кабинетот на социјалистот Фелипе Гонзалес од 1992 до 1995 година, а од 1995 до 1999 година застанува на чело на Алијансата. Во периодот од 1999 до 2009 година Солана ја вршеше функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. гт/

Остани поврзан