• четврток, 12 јуни 2025

Ф1: Верстапен победи во Имола

Ф1: Верстапен победи во Имола

 

Имола, 18 мај 2025 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Емилија Ромања, на јубилејниот 400 настап на австрискиот тим во ова натпреварување.

Четирикратниот последователен светски шампион го забележа 65 триумф во кариерата на патеката Имола, воедно и втор во седмата трка во тековната сезона.

Второто место го освои возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека третото место му припадна на неговиот клупски колега и лидер во генералниот пласман, Австралијанецот Оскар Пјастри.

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон заврши четвртопласиран, Александар Албон од Вилијамс го освои петтото место, а Шарл Леклерк од Ферари заврши на шестото место.

Во генералниот пласман, Пјастри води со 146 бодови, Норис е втор со 133 бодови, а Верстапен е трет со 124 бодови.

Следната трка е за седум дена на улиците во Монако. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан