• сабота, 29 јуни 2024

Фјури: Следната година Ќе се борам со Џошуа

Фјури: Следната година Ќе се борам со Џошуа

Лондон, 27 мај 2024 (МИА) - Поранешниот боксерски шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека би бил многу изненаден доколку до средината на 2025 година не се бори со поранешниот шампион на ВБА, ИБФ и ВБО во тешка категорија, Ентони Џошуа.

- Меч со Џошуа? Следната година, дефинитивно. Победа или попраз, оваа борба мора да се случи бидејќи толку многу се зборува за тоа во Велика Британија. Има толку многу мислења за ова прашање. Очекувам оваа борба да се случи на Вембли до средината на 2025 година, изјави Фјури за talkSPORT.

На 19 мај во Ријад, Саудиска Арабија, Олександр Усик го победи Фјури и стана апсолутен светски шампион во тешка категорија, освојувајќи шест појаси: четири големи (ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ, ВБО) и два помали (ИБО и Ринг). 

Џошуа на 9 март исто така во Ријад, Саудиска Арабија, во втората рунда го нокаутира Френсис Нгану. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан