• петок, 08 ноември 2024

ФФМ ги одреди казните за последните инциденти во Првата и Втората македонска лига

ФФМ ги одреди казните за последните инциденти во Првата и Втората македонска лига

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја соопшти одлуката на Дисциплинската комисија за изречени казни поради инцидентите за време на дуелите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Тиквеш, чиј терен беше суспендиран поради инцидентот на дуелот со Вардар, доби забрана да ги игра следните два натпревара на свој терен и истите како домаќин ќе треба да ги организира на најмалку 100 километри оддалеченост од Кавадарци.

Идентична казна заработија и второлигашите Башкими и Вардар Неготино, на чии терени, исто така, се случија инциденти на последните натпревари.

Во Кавадарци со тврд предмет беше удрен еден од асистентите на главниот судија Александар Ставрев, по што овој го прекина дуелот меѓу Тиквеш и Вардар.

Башкими е казнет за инцидентот при соочувањето со Беласица, додека Вардар Неготино за случувањата на дуелот со Охрид. дс

Фото: Архива

Остани поврзан