• недела, 22 декември 2024

Фудбал У-21: Франција среќно до трите бода во Скопје

Фудбал У-21: Франција среќно до трите бода во Скопје
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 21 година, вечерва загуби од соодветната француска селекција со 1:0. „Триколорите“ до победата на Национална арена „Тодор Проески“ стигнаа со многу среќа, откако во 75. минута ја искористија грешката на Манев по која Калулу го погоди празниот гол. По шест кола во Х-групата, избраниците на селекторот Драги Канатларовски се на третата позиција со шест бодови, Французите се први со 16. зс/

Остани поврзан