Фудбалерите на Тотенхем ги негираа гласините за незадоволство од работата на Мурињо
- Голманот на Тотенхем, Уго Лорис и фудбалерот од средниот ред, Сон Хунг Мин, ги демантираа шпекулациите дека играчите не се задоволни од работата на тренерот Жозе Мурињо.

Лондон, 23 јануари 2020 (МИА) - Голманот на Тотенхем, Уго Лорис и фудбалерот од средниот ред, Сон Хунг Мин, ги демантираа шпекулациите дека играчите не се задоволни од работата на тренерот Жозе Мурињо.
- Имаме одлична атмосфера. Можам да кажам дека сите играчи се подготвени да се борат за новиот тренер и неговиот стручен штаб, изјави Лорис.
- Сите се среќни. Работата оди добро, додаде Сон.