• понеделник, 23 декември 2024

Фредериксен за нападот во Копенхаген: Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата

Фредериксен за нападот во Копенхаген: Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата
Копенхаген, 4 јули 2022 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди пукањето во трговскиот центар во Копенхаген, нарекувајќи го „ужасен напад“, јави ДПА. Таа ја повика јавноста да застане заедно и луѓето да си понудат поддршка едни на други. - Сите ние бевме брутално растргнати од светлото лето што штотуку започна. Неразбирливо е. Срцепарателно. Бесмислено. Нашиот убав и инаку безбеден главен град беше променет во дел од секундата, изјави премиерката. Фредериксен им се заблагодари на полицијата, спасувачите и на сите други кои помогнаа за нивните напори. Три лица беа убиени а три други се во критична состојба по вчерашниот напад. Уапсен беше 22-годишен Данец. бд/сд/

Остани поврзан