• понеделник, 23 декември 2024

Француското обвинителство одлучи основачот на Телеграм да остане во притвор уште 48 часа 

Француското обвинителство одлучи основачот на Телеграм да остане во притвор уште 48 часа 

Париз, 27 август 2024 (МИА) - Извршниот директор на социјалната мрежа Телеграм, Павел Дуров, ќе остане во притвор дополнителни 48 часа како дел од истрагата за кибер криминал, соопшти денеска обвинителството во Париз, откако синоќа беше одлучено да му се продолжи притворот, пренесуваат британските медиуми.

Дуров беше уапсен во саботата вечер. 

Истрагата против него вклучува кривични дела поврзани со наводни нелегални плаќања, детска порнографија и измама со апликацијата, како и одбивање да се дадат информации на властите.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан