• петок, 15 ноември 2024

Француски новинар загина при гранатирање во регионот Луганск

Француски новинар загина при гранатирање во регионот Луганск
Луганск, 30 јуни 2022 (МИА) - Напорите за евакуација на цивилите во областа Луганск во источна Украина денеска беа прекинати откако оклопно возило беше погодено од шрапнел од руска граната, при што загина француски новинар, изјави регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи.
Гајдаи напиша на Телеграм дека шрапнелите го пробиле оклопот на автомобилот во кој патувал акредитираниот француски новинар. паг/

Остани поврзан