• сабота, 23 ноември 2024

Францускиот Сенат одби да ја продолжи важноста на ковид-пропусницата до летото 2022 година

Францускиот Сенат одби да ја продолжи важноста на ковид-пропусницата до летото 2022 година
Париз, 29 октомври 2021 (МИА) - Сенатот, горниот дом на францускиот Парламент, во кој доминира десничарската опозиција, одби да ја продолжи важноста на ковид-пропусницата до 31 јули 2022 година.
Сенатот во четвртокот вечерта со 158 гласа „за“ и 106 „против“ одлучи да ја продолжи пропусницата за Ковид, воведена поради епидемијата на коронавирус, до 28 февруари.
Двата дома на Парламентот следната недела ќе се обидат да договорат заедничка верзија на текстот за продолжување на пропусницата. Во случај на неуспешен договор, последниот збор ќе го има Долниот дом. Пропусницата за Ковид, која вклучува доказ за вакцинација, прележаност или негативен тест за коронавирус, е задолжителна од 21 јули за влез во објектите за култура и забава, а од август за влез на повеќето јавни места. Сенатот одлучи да ја продолжи важноста на Ковид пропусницата до 28 февруари, датумот кога ќе биде прекината работата на Парламентот пред претседателските и парламентарните избори. Во Франција, во просек, околу 5.400 луѓе се заразуваат дневно од коронавирусот. Како што пренесуваат локалните медиуми, властите очекуваат релативно мирна зима благодарение на високата стапка на вакцинација од околу 80 проценти. паг/  

Остани поврзан