• петок, 22 ноември 2024

Францускиот министер за надворешни работи Сежурне на 1 април во посета на Кина

Францускиот министер за надворешни работи Сежурне на 1 април во посета на Кина

Пекинг, 29 март 2024 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне на 1 април ќе ја посети Кина на покана на Ванг Ји, член на Политичкото биро на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, рече Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Франција и Кина годинава слават 60 години дипломатски односи.

Фанцускиот министер ќе биде примен од неговиот кинески колега во комплексот Диаојутаи во Пекинг, каде се пречекуваат странски претставници.

Тој ќе учествува и на отворањето на изложбата „Версај и забранетиот град“, во Забранетиот град во Пекинг, каде ќе бидат изложени околу 60 уметнички дела и скапоцени предмети од палатата во Версај.

„Оваа година се навршуваат 60 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и Франција, како и година на културен туризам меѓу двете земји“, потсети портпаролот на МНР. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан