Франција ќе испрати три авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор
- Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија, посочи Макрон
Париз, 11 септември 2025 (МИА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека ќе испрати три авиони-ловци „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и на Источна Европа.
Тој додаде за тоа разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.
- Нема да попуштиме пред растечкото заплашување на Русија, посочи Макрон.
Руски беспилотни летала на 10 септември навлегоа во полскиот воздушен простор, за време на нападот врз Украина, а полската армија со помош на НАТО собори 19 дронови. По инцидентот Полска
побара од Алијансата да го активира Член 4 од Договорот за НАТО, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана за една од неговите членки. ми/
фото: МИА архива