• понеделник, 23 декември 2024

Франција може да стави вето на договорот по Брегзит

Франција може да стави вето на договорот по Брегзит
Париз, 4 декември 2020 (МИА) - Франција може да го искористи правото на вето за да го блокира договорот со Велика Британија по Брегзит, доколку не ги исполни барањата на Париз, особено во врска со риболовот, изјави министерот за европски прашања Клемент Бон. - Ако се постигне договор што не е добар, ние ќе се спротивставиме, истакна Бон за радио „Европа 1“, додавајќи дека „секоја држава има право на вето“ на сè што ќе се појави од последните преговори за Брегзит, кои се водат во Лондон. гт/

Остани поврзан