• недела, 22 декември 2024

Франција до СБ на ОН ќе поднесе резолуција за прекин на огнот и хуманитарен пристап во Украина

Франција до СБ на ОН ќе поднесе резолуција за прекин на огнот и хуманитарен пристап во Украина
Париз, 27 февруари 2022 (МИА) - Франција утре ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на Обединети нации, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите, најави Елисејска палата. - Франција утре ќе поднесе резолуција во СБ на ОН со цел да се гарантира хуманитарен пристап без ограничувања за да одговори на итните потреби на населението во Украина, се наведува во соопштението од Кабинетот на Емануел Макрон. Во соопштението се додава дека Париз „ќе побара и прекин на огнот, што мора да претходи на какви било мировни преговори“. Франција е една од петте постојани членки на СБ на ОН, заедно со САД, Велика Британија, Кина и Русија, додека 10 други земји се ротирачки непостојани членки. ми/  

Остани поврзан