• сабота, 21 декември 2024

Фракција на ДУИ: Внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат 

Фракција на ДУИ: Внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат 

2 јули 2023 

Фракцијата на ДУИ информира дека внатрепартиските избори во ДУИ се нестатутарни и организирани со диктат 

Иако покриени со маската на внатрешни избори со висока демократија односно 1 член 1 глас, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека овој процес е фарса, бидејќи е сосема нестатутарен и згора на тоа претседателите се веќе избрани по диктат на пратседателот Али Ахмети пред извесно време. Следствено, ова што се случува денес, дека наводно некој гласа е само евтин театар за дефокусирање на јавноста.

Овој процес никако не може да биде демократски бидејќи од почетокот беше исклучувачки, што значи дека активистите кои не мислат дека треба да гласаат како во комунизмот, по диктат, беа оневозможени да се регистрираат, иако се основачи, активни и заслужни за победите на Демократската Унија за Интеграција од 2002 година.

Потсетуваме дека слични процеси како овие, диригирани и диктирани од горе, се одржани и во Полошкиот регион, но резултатот е дека ДУИ излегува губитник и го губи приматот меѓу албанските политички партии, како што е случајот со Огранокот во Тетово.

Фракција на ДУИ 

фото: МИА архива 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан