• четврток, 19 декември 2024

ФПО бара забрана за влез на Курц во Тирол

ФПО бара забрана за влез на Курц во Тирол
Виена, 10 февруари 2021 (МИА) - Шефот на Слободарската партија на Австрија (ФПО) во провинцијата Тирол, Маркус Абверцгер ги критикуваше новите мерки што ги усвои австриската Влада во врска со оваа покраина и побара Тирол да воведе забрана за влез на канцеларот Себастијан Курц. Австриската Влада донесе одлука од петок да воведе обврска за тестирање на граѓаните на Тирол кои би имале намера да патуваат од таа провинција во другите делови на Австрија. Владата ја донесе оваа одлука откако Тирол стана центар на ширење на јужноафриканскиот вид коронавирус. Абверцгер  вели дека не ја разбира одлуката и дека таа не може да биде професионално оправдана. - Канцеларот издаде предупредување за патување само за една покраина, поради што тој не мора да доаѓа во Тирол, не сакаме повеќе да го гледаме тука, порача Абверцгер. паг/  

Остани поврзан