• понеделник, 23 декември 2024

„Фотосалон Куманово 2021“ во кумановската Уметничка галерија

„Фотосалон Куманово 2021“ во кумановската Уметничка галерија
Куманово, 3 ноември 2021 (МИА) - Петнаесеттиот меѓународен Фотосалон Куманово ќе биде отворен вечерва во Уметничката галерија во Куманово со почеток во 19 часот. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат 50-тина наградени фотографии, работени во различни категории од автори од повеќе држави од светот, информираа денеска надлежните од Фото-киноклуб „Којзак“ кои го организираат салонот. - На изложбата ќе бидат претставени 50 наградени фотографии. На конкурсот пристигнаа 184 автори од 47 држави. Оваа година имаше четири категории - портрет, природа, слободна колор и слободна црно-бела категорија. Жирито и оваа година имаше можност да погледне извонредни фотографии. Специфичноста на овој Фотосалон Куманово 2021 е тоа што пристигнаа фотографии од автори кои традиционално учествуваат на овој престижен салон, но секако имаше и нови автори кои се претставија со своите фотографии. Оваа е јубилеј од 15 години Фотосалон Куманово како во континуитет се одржува-изјави претседателот на ФКК Козјак Куманово, Дејан Ангеловски. Најдобриот автор на изложбата е Холгер Букер од Германија. ам/мс/

Остани поврзан