Фотоволтаици ќе бидат поставени на три средни училишта во Куманово
- - Врз основа на спроведената постапка за поставување на фотоволтаици, Одделението за јавни набавки при Општина Куманово, со оваа тендерска постапка планирано е да бидат поставени фотоволтаици

Куманово, 11 август 2022 (МИА) - Фотоволтаици ќе бидат поставени на три средни училишта во Куманово, информираа денеска од општината.
- Врз основа на спроведената постапка за поставување на фотоволтаици, Одделението за јавни набавки при Општина Куманово, со оваа тендерска постапка планирано е да бидат поставени фотоволтаици во општинските средни училишта: СОУ-Гимназија „Гоце Делчев“, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, велат од општината.
