• петок, 05 декември 2025

ФОРЦА подготвена го очекува настапот во елитната рунда во ЛШ во футсал

ФОРЦА подготвена го очекува настапот во елитната рунда во ЛШ во футсал

 

Куманово, 27 октомври 2025 (МИА) – Македонскиот првак во футсал ФОРЦА отпатува денеска за Љубљана каде оваа недела го очекува историски настап во елитната фаза во Лигата на шампиони на УЕФА.

Пласманот меѓу 32 најдобри футсал екипи во елитното натпреварување, македонскиот првак го обезбеди на крајот од август кога беше првопласиран во групата од прелиминарната рунда со три победи над Мурата, Ереван и Енкамп.

„Во позитивна атмосфера и со максимална посветеност и фокус ги очекуваме предизвиците во елитната рунда“, објави ФОРЦА на својата Фејсбук страницата пред претстојните пресметки во рамки на групата 8 против украинските екипи Хит и Киев Футсал, и домаќинот Врхника.

Прв противник на ФОРЦА ќе биде украинскиот шампион и четврторангирана футсал екипа во Европа, Хит, в среда од 17 часот, по што следуваат дуелите против Врхника, в четврток во истиот термин и Киев Футсал, в сабота од 16 часот. ег

ФОТО: ФОРЦА/Фејсбук

Остани поврзан