• понеделник, 29 април 2024

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) - По катастрофалниот земјотрес, Скопје беше пример за меѓународната соработка и солидарност. Скопје е град кој што е реизграден врз основа на солидарноста. Неопходни ни се граѓани кои се посветени на мирот. Мирот треба да се гради почнувајќи од секој поединец па до целото општество, беше посочено денеска на Форумот за културна дипломатија во Скопје.

Поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов на Форумот посочи дека Форумот го оддржуваме во година кога одбележуваме 60 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

Како што потсети, во најсмртоносниот земјотрес кој се случил на Балконот загинаа 1.070 граѓани, околу 3 илјади беа повредени, а 800 луѓе останале инвалиди.

Тој рече дека по катастрофалниот земјотрес, Скопје беше пример за меѓународната соработка и солидарност.

-На овој Форум се укажува на моќта и значењето на културната дипломатија, односно меката моќ, неопходната меѓународна соработка и неопходноста од мирот во светот.

Со ова допира заветот до младите генерации дека на светот денес му се потребни лидери посветени на мирот, како што беше Џон Кенеди.

Неопходни ни се граѓани на светот кои се посветени на мирот и грижа за бедните, каква што беше Мајка Тереза.

-Мирот ме треба да се бара во гласната тишина на гробиштата, каде денес е најмирно, туку во нашите срца и нашите души, рече Иванов.

Александар Трајановски од Град Скопје на Форумот потенцираше дека Град Скопје е град кој што е реизграден врз основа на солидарноста.

-Токму оваа емпатијата и културолошка соработка овој град повторно беше изграден односно кренат од пепелта во која што беше најден, рече Трајановски. бт/ев/

Остани поврзан