• среда, 17 декември 2025

Форумот на жени на ЛДП го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје

Форумот на жени на ЛДП го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје

Скопје, 11 јули 2025 

Форумот на жени на Либерално-демократската партија (ЛДП), гласно и недвосмислено ги осудува сите форми на родово базирано насилство врз жените во политиката, без исклучоци – без оглед на етничката или политичката припадност.

Насилството врз жените во политиката има штетно влијание не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот и општествениот живот.

Мораме како општество да ставиме крај на физичката и вербалната агресија кон жените во политиката. Форумот на жени при ЛДП бара конкретни мерки и санкции, затоа што ако не реагираме сега, директно ги загрозуваме основите на едно демократско и правично општество.

Либерално-демократска партија

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Остани поврзан