Формула 1 објави прелиминарен календар за сезоната 2021 година со рекордни 23 трки
- Формула 1 објави дека ќе одржи 23 трки во 2021 година. Ова е највисоката бројка во историјата на шампионатот.ко што претходно беше соопштено, Виетнам ќе го загуби своето место на календарот,
Лондон, 10 ноември 2020 (МИА) - Формула 1 објави дека ќе одржи 23 трки во 2021 година. Ова е највисоката бројка во историјата на шампионатот.ко што претходно беше соопштено, Виетнам ќе го загуби своето место на календарот, додека Големата награда на Бразил сè уште не е потврдена.
Оваа година беа планирани 22 етапи, меѓутоа, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусите, календарот се намали на 17 Гран при.
Прелиминарен календар на сезоната-2021 година за шампионатот во Формула 1:
1. Австралија - 21 март
2. Бахреин - 28 март
3. Кина - 11 април
4. Сè уште непознат домаќин - 25 април
5. Шпанија - 9 мај
6. Монако - 23 мај
7. Азербејџан - 6 јуни
8. Канада - 13 јуни
9. Франција - 27 јуни
10. Австрија - 4 јули
11. Велика Британија - 18 јули
12. Унгарија - 1 август
13. Белгија - 29 август
14. Холандија - 5 септември
15. Италија - 12 септември
16. Русија - 26 септември
17. Сингапур - 3 октомври
18. Јапонија - 10 октомври
19. САД - 24 октомври
20. Мексико - 31 октомври
21. Бразил * - 14 ноември
22. Саудиска Арабија - 28 ноември
23. Абу Даби - 5 декември.
Големата награда на Бразил треба да се одржи во Интерлагос, но договорот сè уште не е склучен. зс/