• сабота, 23 ноември 2024

Формула 1 има намера да се префрли на еколошко гориво во 2026 година

Формула 1 има намера да се префрли на еколошко гориво во 2026 година
Лондон, 27 јуни 2022 (МИА) - Формула 1 напредува во имплементацијата на мерките со цел да се дојде до нула емисии на јаглерод до 2030 година. На својата официјална веб-страница, серијата објави дека го намалила својот јаглероден остаток поради работа од далечина, намалувајќи ја потребата за транспорт на опрема, а канцелариите на Ф1 користат 100 проценти обновлива енергија. - По успешното воведување оваа сезона на гориво Е10 кое содржи 10 проценти етанол, ги намаливме емисиите на CO2 во целина. Ф1 работи со партнерот „Aramco“ и сите големи производители на гориво за да развие 100 проценти одржливо гориво што ќе биде воведено во новата формула на моторот во 2026 година, се вели во соопштението на Формула 1. Тркачката серијата има намера да работи со Формула 2 и Формула 3 за тестирање на почисти горива. Се известува и дека во иднина се планира да се изградат идни календари на турнирот, имајќи го предвид подобрувањето на логистиката на карго транспортот. зс/

Остани поврзан