• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен: Стратешка одлука за Украина, овој ден ќе биде врежан во историјата на ЕУ

Фон дер Лајен: Стратешка одлука за Украина, овој ден ќе биде врежан во историјата на ЕУ

Брисел, 14 декември 2023 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вечерва оцени дека одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија и доделување кандидатски статус на Грузија е „стратешка одлука“ и нагласи дека овој ден ќе остане врежан. во историјата на ЕУ.

Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) изјави дека е горда што лидерите на ЕУ ги исполниле своите ветувања.

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола изјави дека ова е „горд момент“ за Европа, Украина и Молдавија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан