• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен: Недостигаат валидни податоци за одобрување на Спутник В

Фон дер Лајен: Недостигаат валидни податоци за одобрување на Спутник В
Берлин, 4 август 2021 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен смета дека Европа е добро подготвена за можно давање на третата доза од вакцината против коронавирус и посочи дека за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ недостигаат валидни податоци. - Нарачавме 1,8 милијарди дози од Бионтек/Фајзер до 2023 година. Тоа е најголемата нарачка во светот и е доволно за можна трета доза во ЕУ, како и за адаптација на новите соеви, изјави Фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД. Кога станува збор за одобрување на руската вакцина „Спутник В“ од Европската агенција за лекови (ЕМА), таа рече дека овој процес се уште е неизвесен. „Досега, производителот не можеше да обезбеди доволно валидни податоци за да ја докаже безбедноста на вакцината“, објасни таа, додавајќи дека ова покренува голем број прашања. паг/  

Остани поврзан