• недела, 22 декември 2024

Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување - тоа е инвестиција во европската безбедност

Фон дер Лајен: И новата Европска комисија ќе има еврокомесар за проширување - тоа е инвестиција во европската безбедност

Блед, 2 септември 2024 (МИА) -  И во новиот состав на Европската комисија ќе има и комесар за проширување, соопшти денеска во Блед претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. 

Таа на Бледскиот стратешки форум изјави дека прашањето за проширувањето е вратено на „врвот на политичката агенда“ на последното свикување на Комисијата. Во новото свикување овој процес мора дополнително да се забрза и да добие „целосно внимание“.

-Затоа, во новиот состав на Европската комисија, кој треба да биде познат наскоро, ќе добие и комесар за проширување, најави фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК рече дека проширувањето е „инвестиција“ во европската безбедност и економска конкурентност и најави дека шесте земји кандидати наскоро ќе го претстават својот реформски план, кој ќе биде награден со европски инвестиции во вкупна вредност од шест милијарди евра.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан