• понеделник, 23 декември 2024

Фон дер Лајен: Издвоени 720 милиони евра за поврзување на енергетските системи на балтичките држави

Фон дер Лајен: Издвоени 720 милиони евра за поврзување на енергетските системи на балтичките држави

Брисел, 2 октомври 2020 (МИА) - Европската унија предвидува 720 милиони евра за проект за синхронизација на енергетските системи на балтичките држави до 2025 година, рече Урсула фон дер Лајен.

- Денеска е многу важен ден за Европа, рече претседателката на Европската комисија и додаде дека Европската унија направи сериозен чекор кон обединување на Европа и ја покажа европската солидарност во пракса. 

Фон дер Лајен рече дека се издвоени 720 милиони евра за поврзување на енергетските системи на балтичките држави со оној на остатокот од Европа. паг/

Остани поврзан