• среда, 02 октомври 2024

Фонсека за поразот од Баер: Не сум задоволен од резултатот, но прикажавме фантастична игра

Фонсека за поразот од Баер: Не сум задоволен од резултатот, но прикажавме фантастична игра

Леверкузен, 2 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Пауло Фонсека ги искажа впечатоците за синоќешниот натпревар со Баер во 2. коло од Лигата на шампионите.

Германскиот тим од Леверкузен забележа минимална победа со 1:0, а Милан пропушти неколку убави шанси во второто полувреме.

-Од доаѓањето во Милан овој натпревар е нашиот најдобар. Во вториот дел прикажавме фантастична игра, создадовме многу шанси, но не успеавме да реализираме. Разочаран сум од резултатот, но среќен сум со она што го направивме на теренот, изјави Фонсека на официјалната веб-страница на УЕФА.

Милан се наоѓа на 29. место на табелата во Лигата на шампионите и нема освоено ниту еден бод на два натпревара.

Во следното коло италијанскиот тим на домашен терен игра против Бриж. зс/

Фото. ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан