Фонсека: Видовме колку повреди имаа Реал Мадрид и Ливерпул, календарот не е хуман
- Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, зборуваше за густиот натпреварувачки календар со кои се соочуваат екипите кои учествуваат во евро-куповите.

Рим, 6 март 2021 (МИА) – Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, зборуваше за густиот натпреварувачки календар со кои се соочуваат екипите кои учествуваат во евро-куповите.
- Многу тренери сметаат дека има премногу натпревари. Видовме колку повреди има во екипи како Реал Мадрид и Ливерпул. Прво, треба да го намалиме бројот на меѓународни натпревари. Таков број на игри е ненормален, нехуман кон играчите, изјави Фонсека.
Тој е еден од многуте фудбалски стручњаци кои јавно побараа намалување на бројот на натпревари.
Претходно, критики за густиот распоред на натпревари стигнуваа и од Премиер лигата, како и од шпанската Ла Лига. зс/