Флик: Не треба да го обвинуваме судијата за поразот од Сосиедад бидејќи сите грешат
- Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по поразот од Реал Сосиедад (0:1) во натпреварот од 13. коло на шпанското првенство, се осврна на моментот со поништениот гол на Роберт Левандовски.

Барселона, 11 ноември 2024 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по поразот од Реал Сосиедад (0:1) во натпреварот од 13. коло на шпанското првенство, се осврна на моментот со поништениот гол на Роберт Левандовски.
ВАР го поништи голот во 13. минута поради офсајд.
- Ги видов повторувањата и одлуката беше погрешна, имаше чист гол. Очигледно е дека голот требаше да биде признаен. Но, мора да прифатиме и таква одлука, не смееме да го обвинуваме судијата, затоа што сите сме луѓе и грешиме, изјави Флик.
Барселона е на првото место во поредокот во Ла Лига со 33 бодови.
Реал Сосиедад освои 18 бодови и се искачи на 8. место на табелата. зс/
Фото: ЕПА