• недела, 08 март 2026

Флик за победата над Атлетик: Исклучително тешко е да се победи овде

Флик за победата над Атлетик: Исклучително тешко е да се победи овде

Билбао, 8 март 2026 (МИА) – Тренерот на Барселона Ханс-Дитер Флик ја оцени победата над Атлетик како важна и извојувана на исклучително тежок терен.

Каталонците славеа се 1:0 во 27-то коло од Ла Лига.

- Секако, секогаш сум горд на играчите, навистина, но особено ја ценам оваа посебна атмосфера во тимот, како и тоа колку се обединети, атмосферата - сè е едноставно фантастично. Навистина го ценам она што го гледам. Денес не бев нервозен. Ги видов играчите по победата во купот над Атлетико и имав доверба во нив. Кон тоа се стремиме: да создадеме одлична атмосфера и да се фокусираме на секојдневниот тренинг. Денес беше јасно дека победата на овој величествен стадион против одличен тим со одлични навивачи нема да биде лесна. Неверојатно е да се победи тука, изјави Флик.

Со новите три бода Барселона ја задржа предноста пред Реал Мадрид на врвот на табелата. Барселона има 67, додека Реал 63 на втората позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан