• вторник, 18 март 2025

ФК Арда се извини за минута молчење во спомен на жив поранешен фудбалер

ФК Арда се извини за минута молчење во спомен на жив поранешен фудбалер

Карџали, 18 март 2025 (МИА) - Раководството на бугарскиот фудбалски клуб Арда му се извини на поранешниот играч на клубот Петко Ганчев за едноминутното молчење организирано во негов спомен.

- Раководството на клубот „Арда“ длабоко му се извинува на поранешниот играч на клубот Петко Ганчев и неговите блиски поради тоа што клубот доби неточни информации за наводна неговата смрт. На Петко Ганчев му посакуваме многу години здравје и успех, се вели во соопштението на клубот.

Арда на 16 март во натпреварот од 25. коло на бугарското првенство одигра нерешено со Левски на домашен терен - 1:1. Пред почетокот на натпреварот со едноминутно молчење се оддаде почит за 78-годишниот Ганчев.

Веќе за време на натпреварот, прес-службата на клубот ја демантираше информацијата за смртта на својот поранешен член.

Самиот Ганчев рече дека нема да обвини никого за скандалот, иако не му било сеедно кога ја слушнал веста. зс/

Фото: ФК Арда

Остани поврзан