• понеделник, 23 декември 2024

Фич го намали кредитниот рејтинг на Турција

Фич го намали кредитниот рејтинг на Турција
Анкара, 9 јули 2022 (МИА) - Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Фич (Fitch Ratings) го намали кредитниот рејтинг на Турција од Б плус на Б. - Траекторијата останува многу неизвесна поради зголемените ризици од обратна индексација, понатамошно обезвреднување на лирата и зголемување како на брзината и на големината на преносот на девизниот курс, се истакнува во извештајот на Фич. Според агенцијата „селективната макропруденцијална политика за намалување на темпото на растот на кредитите и построгите мерки за управување со тековите на капитал не ги намалија ризиците за макроекономската и финансиската стабилност на Турција“. Во извештајот на Фич се посочува и дека од декември 2021 година турската Централна банка ја одржува основната каматна стапка на 14 отсто и покрај брзото зголемување на инфлацијата, влијанието на војната во Украина врз пазарите на стоки и заострувањето на монетарната политика во повеќето економии во развој. ми/

Остани поврзан