• сабота, 23 ноември 2024

ФИФА сака да ги отстрани руските репрезентации од сите меѓународни натпреварувања

ФИФА сака да ги отстрани руските репрезентации од сите меѓународни натпреварувања
Цирих, 28 февруари 2022 (МИА) – Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) има намера да ги отстрани руските репрезентации од учество на меѓународни натпреварувања. Според „Ројтерс“, ФИФА преговара со Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за прашањето за зајакнување на санкциите против руските тимови. Во овој контекст се разгледува можноста за отстранување на Русија „до натамошно известување“. УЕФА вечерва треба да одржи состанок на кој ќе одлучува за повеќе прашања поврзани со рускиот фудбал. зс/

Остани поврзан