• вторник, 24 декември 2024

ФИФА одвои 150 милиони долари за националните федерациите поради пандемијата

ФИФА одвои 150 милиони долари за националните федерациите поради пандемијата
Цирих, 24 април 2020 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе издвои 150 милиони долари за оперативни фондови за 2019 и 2020 година за поддршка на своите членови во време на пандемијата на коронависрусот. Секоја од 211 членка на ФИФА ќе добие прва транша од 500.000 американски долари, при што сите други исплати за 2019 и 2020 година ќе бидат реализирани во рок од неколку дена. - Пандемијата предизвика невидени тешкотии за целиот свет на фудбалот, а ФИФА, која има улога да ги поддржува оние кои имаат потреба, ќе ги исполни своите обврски, рече претседателот на Организацијата Џани Инфантино. - Ова е почеток на нашиот долгорочен финансиски план, кој сè уште е во фаза на развој. Наша цел е да им помогнеме на нашите членови, од кои многумина доживуваат огромни финансиски тешкотии во тековната ситуација, додаде првиот човек на ФИФА. Вообичаено, ФИФА исплаќа такви средства не порано од јули и само кога се исполнети одредени критериуми. зс/

Остани поврзан