• четврток, 09 мај 2024

ФИФА: Меси, Халанд и Мбапе финалисти за наградата најдобар фудбалер во 2023

ФИФА: Меси, Халанд и Мбапе финалисти за наградата најдобар фудбалер во 2023

Цирих, 14 декември 2023 (МИА) – Аргентинецот Лионел Меси, Норвежанецот Ерлинг Халанд и Французинот Килијан Мбапе се финалисти за овогодишен најдобар фудбалер во светот, објави вечерва Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Халанд во 2023 година со Манчестер сити ги освои титулите во Лигата на шампиони, Премиер лигата и англискиот ФА куп.

По финалето на Светското првенство во Катар, во кое Аргентина на чело со Меси ја совлада во финалето Франција предводена од Мбапе, обајцата во дресот на ПСЖ ја освоија титулата во Франција.

ФИФА ја доделува наградата „The Best“ од 2016 година. Меси досега во кариерата освои две награди, Мбапе една, а Халанд конкурира за своето прво признание.

За фудбалерки на годината за номинирани шпанските репрезентативки Аитана Бонмати и Џенифер Ермосо, како и Колумбијката Линда Каиседо.

Победниците ќе бидат прогласени на свечена церемонија во Лондон на 15 јануари. ег/рп/

Фото:Фејсбук 

Остани поврзан