• петок, 05 декември 2025

Фит Фан Волеј македонски претставник во женскиот одбојкарски БВА Куп

Фит Фан Волеј македонски претставник во женскиот одбојкарски БВА Куп

 

Скопје, 4 јули 2025 (МИА) – Во новата сезона 2025/2026 македонската женска клупска одбојка ќе има уште еден претставник на меѓународната сцена, откако Фит Фан Волеј пријави учество во БВА купот, во организација на Балканската одбојкарска асоцијација.

Ланската сезона беше најуспешна во клупската историја на Фит Фан Волеј со освоеното четврто место во домашното првенство и пласманот на Ф4 турнирот во македонскиот Куп.

Балканската асоцијација дополнително треба да ги објави имињата сите учесници во БВА Купот во кој победникот обезбедува место во ЦЕВ Челинџ купот. ег

ФОТО: ОФМ

Остани поврзан