• четврток, 19 декември 2024

Финансиска поддршка за Општина Пехчево за Етно саемот ,,Пехчевски Павловден"

Финансиска поддршка за Општина Пехчево за Етно саемот ,,Пехчевски Павловден

Пехчево, 8 јули 2024 (МИА) - Градоначалникот на Пехчево Александар Китански, потпиша Договор за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија. Поддршката се однесува за манифестацијата Етно Саем „Пехчевски Павловден“.

-Договорот во вредност од 120.000 денари е потпишан со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истиот е потпишан согласно Јавниот повик за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија за организирање на локални манифестации и саеми, на кој повик Општина Пехчево достави апликација, информираше Китански.

Етно саемот „Пехчевски Павловден“ е составен дел од Фестивалот на Дувачки оркестри кој претстојниот викенд ќе се одржи во Пехчево.

-Етно саемот се организира веќе 16 години по ред и на истиот се изложуваат традиционални производи, ракотворби, сувенири и традиционална храна, додаде Китански.

Финансиската поддршка која Општина Пехчево ја добива од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за организирање на Саемот се реализира трета година по ред. вс/сст/

 

Фото: Општина Пехчево
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан