Финалниот турнир од купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се игра во Скопје
- Финалниот турнир од купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се игра во Скопје. Натпреварите во двете конкуренции ќе бидат реализирани во СРЦ „Кале“.
Скопје, 3 февруари 2022 (МИА) - Финалниот турнир од купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се игра во Скопје. Натпреварите во двете конкуренции ќе бидат реализирани во СРЦ „Кале“.
- И во оваа натпреварувачка сезона 2021/2022, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир. Натпреварите, во машка и во женска конкуренција, ќе бидат реализирани во период од 18 до 20 февруари.
За трофејот во машка конкуренција ќе се борат осум екипи кои беа најдобри по одиграните 11. кола од првиот дел од Првата лига-мажи. За пехарот во женскиот сегмент, ќе конкурираат четирите најдобри екипи по одигрувањето на 14. коло од првиот дел од сезоната во Првата лига-жени, соопшти КФСМ.
Бранител на титулата во машка конкуренција е екипата на МЗТ Скопје Аеродром, додека во женска конкуренција е екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица. зс/