• недела, 22 декември 2024

Финале и прогласување на победниците на UltiMATH

Финале и прогласување на победниците на UltiMATH

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Финале и прогласување на победниците со доделувањето на наградите за најдобрите учесници на UltiMATH – натпреварот по математика за средношколци ќе се одржи денеска во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Во првата рунда – Супер финалето, 50 натпреварувачи ќе се соочат со напредни математички задачи, а во втората рунда – UltiMATH Challenge, најдобрите 10 учесници ќе решаваат комплексни математички проблеми.

Најдобриот математичар ќе ја освои главната награда од 10.000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот. Покрај паричната награда, победникот ќе добие и целосна стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот.

Училиштето, пак, од кое доаѓа победникот добива 1.500 евра донација.

Вредни награди ќе добијат и најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци.

Изненадувања ќе има и за сите 350 финалисти на UltiMATH, наведуваат организаторите - Oбразовен центар Бреинстер. вг/

Фото: Бреинстер

 

Остани поврзан