• понеделник, 15 јули 2024

Финалето на Купот на Америка започна со задоцнување од 1 час и 20 минути поради стампедо надвор од стадионот

Финалето на Купот на Америка започна со задоцнување од 1 час и 20 минути поради стампедо надвор од стадионот

Мајами, 15 јули 2024 (МИА) - Почетокот на финалето на Копа Америка помеѓу Аргентина и Колумбија беше одложен поради стампедо на стадионот „Хард Рок“ во Мајами (САД), каде требаше да се игра натпреварот.

Во близина на арената се собраа голем број навивачи кои немаа билети за натпреварот. Навивачите се обиделе да упаднат на трибините без билети, но полицијата ги спречила насилниците и го блокирала влезот на стадионот.

Поради ова беше одложен почетокот на натпреварот. Првично, натпреварот, кој требаше да започне во 2 часот по македонско време, беше одложен за половина час, потоа за еден час, а потоа и за 1 час и 20 минути. 

Финалето на турнирот започна во 3:20 часот по македонско време.

Репрезентацијата на Аргентина ја победи Колумбија и по 15.пат го освои трофејот на Копа Америка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан