Финалето на Дијамантската лига наизменично во Брисел и Цирих
- Финалето на атлетската Дијамантска лига во 2024 година наизменично ќе се одржува во Брисел и Цирих, објави денеска Меѓународната атлетска федерација (World Athletics)

Монако, 9 мај 2022 (МИА) – Финалето на атлетската Дијамантска лига во 2024 година наизменично ќе се одржува во Брисел и Цирих, објави денеска Меѓународната атлетска федерација (World Athletics).
Согласно одлуката, дводневното финале на Дијамантската лига во 2024 и 2026 година ќе се одржи во Брисел, додека Цирих ќе биде домаќин на изданието во 2025 и 2027 година.
Годинешното финале е на програмата на 7 и 8 септември во Цирих, а во 2023 година во Јуџин, САД. Тоа ќе биде прво финале на атлетската дијамантска лига што ќе се одржи надвор од Европа. ег/ми/